Во период Јануари-Јуни 2018 година, Група Фершпед АД Скопје освари нето добивка во износ од 63.011 илјади денари.
Вкупните консолидирани приходи во Група Фершпед АД Скопје за период Јануари – Јуни 2018 година изнесуваат 1.882.913 илјади денари и во споредба со остварените вкупни консолидирани приходи за истиот период 2017 година, бележат раст од 8%.
Остварените консолидирани оперативни приходи изнесуваат 1.873.027 илјади денари и истите бележат раст од 8 % во однос на оперативните консолидирани приходи за истиот период 2017 година.
Финансиките консолидирани приходи на Група Фершпед АД Скопје остварени во првото полугодие од 2018 година бележат зголемување во однос на истите минатата година.
Вкупните консолидирани расходи за период Јануари – Јуни 2018 година во износ од 1.756.280 илјади денари бележат раст од 5 % во однос на вкупните консолидирани расходи за истиот период 2017 година. Оперативните консолидирани расходи во првото полугодие од 2018 година изнесуваат 1.745.578 илјади денари и истите се зголемени за 5% во однос на првото полугодие од 2017 година.
Финансиските консолидирани расходи на Група Фершпед АД Скопје остварени во првото полугодие од 2018 година бележат пад во однос на истиот период минатата година.
Овој финансиски извештај беше објавен вчера на Македонската Берза и може да го погледнете ТУКА