Fiat-Crysler Automobile (FCA) и Peugeot-Citroen Alliance (PSA) објавија дека нивните одбори на директори потпишале обврзувачки договор за спојување на двете автомобилски групи, создавајќи го такачетвртиот по големина производител на автомобили во светот.
Двете компании во заедничката изјава соопштија дека новата група ќе ја предводи извршниот директор на PSA, Карлос Таварес, а претседателот на FCA, Џон Елкан, ќе ја предводи споената компанија, пренесува агенцијата АР. Генералниот директор на FCA, Мајк Манли ќе остане на раководна улога, но не е кажано која.
Договорот за спјување е на 50:50 основа, а сеуште не е донесена одлука за името на новата компанија.