Fiat Chrysler предлага спојување со Renault, објави The Wall Street Journal.
Компанијата во понеделникот објави дека понудила договор за спојување за кој би се влегло во фаза на преговарање со што би ги водел во комбиниран бизнис во сопственост на 50/50 од акционерите на Fiat Chrysler и Renault Group. Алијансата ќе го создаде најголем светски производител на автомобили со вредност од околу 37 милијарди долари во време кога приходите паѓаат, а производителите се под притисок да развијат технологија за возење без возач т.е. со компјутерско наводување и да се натпреваруваат со високотехнолошки производители како што е Waymo на компанијата Alphabet.