Македонија го плаќа сериозно цехот од невложувањето во енергетскиот сектор и купувањето на социјален мир за пониски сметки за струја. Наместо во производство на домашна струја, во екот на кризата државата беше приморана да купува скапа струја од увоз, што удри врз граѓаните. Па така државата реши да помага со субвенции за струја кои според пресметките на Фајнанс тинк ја чинеле државата дури 3,2% од БДП. Експертската јавност предупредува дека ваквите тенденции се лоши за државата и инсистираат на реформи:
Македонија за справување со енегетската криза потроши 3.2 отсто од БДП за субвенционирање за електрична енергија. Ако сакаме да креираме реформи во западен балкан неопходни се реформи . На краток рок потребно е таргетирање на социјална поддршка, исто така да се намалат или укинат субвенциите за електрична енергија , меѓутоа на среден и долг рок да се фокусираме на домашно производство на енергија и на храна. Инвестиции се неопходни во енергетскиот сектор, но и редизајн на државната помош, изјави Благица Петровски од Finance Think.
Колку точно пари изела ваквата стратегија не може со сигурност да се каже со оглед на фактот дека брутио домашниот производ е променлива категорија. Ако се пресмета на пример податокот од статистика за последниот квартал лани, тоа би изнесувало нешто над 120 милиони евра.
Експертите препорачуваат дека е неопходно да се инвестира за да се зголеми домашното производство на струја и храна. На краток рок се препорачува да се намалат или укинат субвенцииите за струја, а на долг рок се потребни реформи за да се намали зависноста од увоз.
Овие сугестии генерално важат и за останатите земји од Западен Балкан, а последните анализи покажаа дека државите трошат 50 отсто повеќе елеткрична енергија за да се произведе еднаков обем на БДП како што произведуваат земјите од ЕУ. Клучно е што поскоро да се замени јагленот и старата механизација со обновливи извори. Проблем е што земјите од Западен Балкан ги фокусираат субвенциите за енергетска ефикасност, наместо во домаќинствата во јавниот сектор.
Eдна од најважните лекции е колку е важно да се воведат што повеќе обновливи извори на енергија, да не зависиме само од гасот. Земјите од Западен Балкан во голема мера го базираат својот енергетски сектор на јаглен, а тоа повлекува огромни трошоци зашто капацитетите кои работат на јаглен се застарени и мора да се заменат со обновливи извори на енергија. Оттука, пораката е дека треба да се забрза замената на јагленот со обновливи извори на енергија , Кори Удовички- Центарот за напредни економски студии (ЦЕВЕС) – Србија
Дека на македонскиот енергетски сектор му е неопходна транзиција со години предупредува и експертската јавност која бара државата да инвестира во енергетсдки капацитетуи. Наспроти ова, јавноста повеќе е сведок на зделки со приватни компании и тендери со огромни суми за набавки на јаглен, вршење ископи и изнајмување механизации кои завршуваат во приватни џебови. Последен пример за тоа е тендерот со „Марковски компани“ склучен на 1 април кој тежи безмалку 5 милиони евра.