Земјоделските задруги годинава добија дополнителни финансии за нивно основање и работење. Станува збор за грант од скоро 900.000 евра, европски пари како поддршка за развојот на задругарството во нашава земја. Условите ги исполнија 9 постоечки и 8 новоформирани задруги. Здружените земјоделци имаат право и на домашната парична поддршка.

Преку здружувањето во задруги, земјоделците можат полесно да аплицираат за финансиска поддршка преку програмите на Министерството за земјоделство и ИПАРД Програмата.

Годинава 17 задруги, 9 постоечки и 8 новоформирани добија пари и од Европската Унија како помош од скоро 900 илјади евра.

Предностите на здружувањето се во тоа што за нив е подобрен пристапот до квалитетни и поевтини репроматеријали, примена на современи технологии, усогласен квалитет на производите, подобра позиција на пазарот и посигурен пласман.

Задругарите исто така можат да бидат корисници и на домашните субвенции за основање и функционирање на земјоделски задруги, за покривање на нивните основни, административни и технички трошоци, потоа за ангажирање на стручни лица, за просечната плата на управителот исплатена во оваа дејноста во претходната година, како и за ангажирање на еден вработен од областа на земјоделските науки и ветеринарството.