Со 9 милиони денари државни пари ќе се финансира рибарството и аквакултурата. Порибувањето и годинава е обврска на концесионерите кои за оваа намена ќе добиваат субвенции. Во годишната програма се предвидени и средства за набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води …
За трошоците за набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води, односно за видеонадзор, концесионерите можат да аплицираат до 7-ми октомври.
За оваа намена барателите можат да добијат до 30.000 денари.
До овој рок се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка за развој на нови пазари и промотивни кампањи. За промоција на рибарството, на аквакултурното производство и за маркетинг предвидени се по 300 илјади денари по барател.
Право на користење на парите имаат рибарски и риболовни здруженија, концесионерите на риби и регистрираните субјекти за аквакултура.
Во Програмата за рибарство се предвидени и средства за дополнителна физичка заштита на рибите во време на природен мрест од 1-ви ноември 2023 до 30-ти септември 2024 година.
Субвенции има и за надомест на прифатливи трошоци за вршење на вештачки мрест, за порибителен материјал или доградба, надградба и опремување на постоечките мрестилишта за порибување во регистрираните репроцентри.