Покрај за производство на храна, субвенции можат да добиваат и производителите на семенски материјал. Корисниците на финансиската помош треба да се запишани во регистрите на снабдувачи во оваа дејност. Пријавувањето ќе трае уште еден ден, односно до утре, 17-ти ноември…
Производителите на семенски материјал за житни култури можат да поднесуваат барања за субвенции. Корисници на парите се земјоделските стопанства запишани во регистарот на снабдувачи и кои во 2023-та година имаат произведен и продаден семенски материјал за жито.
Висината на финансиската поддршка изнесува три денари по килограм за произведена пченица и јачмен од прва и втора генерација и запишана во сертификатот за реколта 2023-та година.
Парите се обезбедени преку интервентниот фонд за земјоделството. Барањата се поднесуваат директно во платежната Агенцијата на рачно пополнет образец кој е објавен на нејзината веб страна.
Во прилог на барањето не се доставуваат дополнителни документи, потребните податоци за проверка на исполнување на условите Агенцијата ќе ги обезбеди по службена должност.
Пријавувањето ќе трае до утре, 17-ти ноември.
Домашно производство на сертифицирано семе за житни култури кај нас е сè уште недоволно, односно околу 5.000 до 6.000 тони, а потребите за 100.000 хектари колку што се сеат годишно се скоро 20.000 тони.