Според статистичките податоци на САД, најплатена професија од доменот на економијата и бизнисот е професијата финансискиот менаџер и останати професии поврзани со финансиите. Затоа вложувањето во стекнување на најсовремено знаење од доменот на финансиите преку изучување на постдипломските студии е клучен чекор кон успешна кариера и која дава наголема вредност за вложеното. Градењето на успешна кариера во денешното опкружување бара силни знаења и компетенции. Динамичните промени на денешницата донесоа големи новитети во сферата на финансиите, финансискиот инжинеринг ги става во контекст иновативните инструменти како крипто валутите, блокчеjн, краудфандинг чие познавање, следење и примена е неопходна.

Како да се стекнете со најквалитетно знаење од доменот на финансиите кое ќе ви овозможи светска кариера во финансискиот свет на професионалци? Нашиот избор и препорака се мастер студиите по Корпоративен финансиски менаџмент на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, нашиот најстар и највисоко рангиран универзитет. Оваа програма по Корпоративен финансиски менаџмент на мастер студиите е најнова, најиновативна и најкурентна програма за финансии на нашиот пазар која овозможува стекнување на најдобрите знаења и квалитети во финансиите. Дизајнирана според програмите на најдобрите светски универзитети, студирањето на овој студиум може да се рече дека е еквивалентно на најдобрите универзитети во Европа и САД.

Целната публика на програмата се состои од студенти кои имаат за цел да изградат успешна кариера во корпоративниот менаџмент (на пример, како генерални менаџери или менаџмент консултанти), финансискиот менаџмент, банкарството, осигурувањето, финансиските пазари, контролинг и менаџментот на ризикот. Без разлика дали работите во финансиски менаџмент или финансиски советодавни работи, консултации со високи раководства или менаџмент, разбирањето како да ги анализирате перформансите на компанијата, вредноста на фирмата и кредитната способност и влијанието на стратешките одлуки и реструктуирањата на компаниите врз нив се исклучително важни. Подеднакво вредно е и знаењето за тоа како да се финансира и управува со ризикот од вложувања, било да се тие почетни компании или актуелни фирми и за тоа како да се дизајнираат системи за контрола и стимулација.

Корпоративните финансии се место каде се комбинираат деловната стратегија, бизнис процесите и информациите. Програмата по Корпоративен финансиски менаџмент  на Економскиот факултет – Скопје, е извонредна комбинација на менаџмент и финансиски предмети, обезбедува стекнување на извонредни знаења за техники и модели кои помагаат при финансиско и стратешко донесување одлуки и увид за да се утврди дали овие одлуки имаат смисла во стратешки конкурентски контекст. Корпоративните директори честопати се соочуваат со прашања што имаат важни финансиски последици за нивните претпријатија. Слично на тоа, финансиските директори често донесуваат одлуки со важни стратешки последици. Важноста да се биде добро упатен во финансиите и управувањето е особено очигледна во советодавните позиции на корпорациите, како на пример во консултантски услуги за управување или инвестициско банкарство.

Повеќе информации за мастер студиите по Корпоративен финансиски менаџмент погледнете на следниов линк.