(Ројтерс) – Fintech компанијата Plaid подигна 250 милиони долари во најновата финансиска рунда за прибирање на стредства предводена од еден од најголемите инвеститори на Силиконската долина, Марија Микер, која според извор запознат со ова прашање ја вреднува компанијата на 2,65 милијарди долари.
Компанијата, која како акционери ги има “Голдман Сакс”, “Американ Експрес” и „Ситигруп“ како нејзини инвеститори, во вторникот рече дека очекува да ги искористи средствата за да го зголеми својот тим и да ги прошири операциите.
Финансискиот круг беше поддржан и од Index Ventures и Andreessen Horowitz, а учествуваа и постојните инвеститори Голдман Сакс, НЕА и Спарк Капитал.
Plaid обезбедува софтвер за на други компании да им помогне да креираат лесни и достапни финансиски услуги. Нејзиниот интерфејс им овозможува на неколку платформи како Venmo, American Express, Citigroup, Coinbase и Fannie Mae да креираат соодветни производи.
Компанијата започна со работа во 2013 година, беше основана од страна на Вилијам Хокеј и Захари Перет и има повеќе од 150 вработени. Таа собра вкупно 309,3 милиони долари за финансирање во четири круга, според податоците на Crunchbase.