До крајот на месецот ќе биде објавен повикот за мерките од третиот столб на владиниот план за економски раст. Првите договори се очекува да бидат склучени до јули по што компаниите веднаш ќе ги добијат парите. Максималниот износ кој може да го добие еден мал иновативен бизнис е 323 000 евра. Односно државата ќе покрие 70 отсто од вредноста на проектот со буџетски пари.
– Ги затвораме правилниците за сите четири мерки и очекувам во брза постапка од Владата да добиеме согласност и да го објавиме првиот повик во наредните две-три недели. Повикот ќе биде отворен 45 дена, а процесот на евалуација ќе биде во рок од 60 дена, информира Деспотовски по денешната средба со членки на Сојузот на стопански комори на Македонија со која го заокружи процесот на консултации за мерките со коморите.
Од ССК велат дека најголема препрека за компаниите е нивниот капацитет да изготват добра апликација. Иновативни идеи имаат но не се снаоѓаат со административните процедури.
-Добро е, што за разлика од претходните мерки на Фондот, за претстојните ќе нема поврат на средства од остварената добивка на компанијата, посочи Извршниот директор на ССК.
Вкупно на располагање се 10, 5 милиони евра. Надлежните очекуваат целиот инзос да се распредели.