Бизнисот ги чека евтините унгарски пари, владата се уште не одлучила кога ќе се префрлат. На седница треба да поминат 2 договори – првиот, кој ќе ги прецизира условите кои треба да ги исполнат фирмите ,а вториот, начиот како ќе се префрлаат парите. Утре е последната владина седница оваа година, но според изјавата на премиерот Мицкоски, најверојатно за унгарскиот кредит, ќе се одлучува од јануари.
-Од јануари, има некои процедурални работи кои можат да се завршат, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
Комерцијалните банки веќе почнаа преговори со заинтересираните клиенти. Откако владата ќе ги допрезицира условите, ќе треба да склучат договори со Развојната банка. Потоа, за секој апликант ќе одлучува Надзорниот или кредитен одбор на деловните банки. Реално, очекуваат почетокот на февруари овие пари да стигнат до компаниите.
Она што до сега е познато е дека 250 те милиони евра ќе бидат наменети за производствените компании, и оние кои ќе инвестираат во обновливи извори. Комапниите треба да имаат 20% учество, а максималниот износ на кредитот е 10 милиони евра. Каматата од 3,25 кон унгарската Експорт Иморт ќе ја плати државата, додека фирмите 3 години нема да плаќаат камата, а следните 12 по 1,95 отсто.