„Фич рејтингс“ го крена кредитниот рејтинг на Грција на „ББ“ од „ББ-“, велејќи дека растот на БДП и фискалната претпазливост го одржуваат државниот долг на одржливо ниво. Овој потег на Фич го крена грчкиот рејтинг на ниво два степени под инвестициониот рејтинг.
Агенцијата за рангирање, исто така, го надгради својот изглед кон „позитивен“ од „стабилен“ со очекување дека долгот на општата влада ќе продолжи да опаѓа, а заради подобрите изгледи за политичка стабилност и спроведување на политиката по парламентарните избори.
Грција, над која спроведоа контрола на капиталот светските кредитори за време на финансиската криза во 2015 година, ги укинаа траншите на помош во септември минатата година, отворајќи го патот за привлекување инвестиции со враќање на слободното движење на капиталот.
Фискалниот напредок на земјата е придружуван од Еврозоната и ММФ, кои и позајмија на Атина повеќе од 250 милијарди евра (277,35 милијарди американски долари) за време на долготрајната криза во долгови.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк