Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, објави авторски текст по повод пандемијата на коронавирусот, кој го објавија медиумите во сите држави на Европската Унија.

Тестот го пренесуваме во целост.

„Во последните несели нашиот свет се преврте наопаку. Нашето вообичаено секојдневние изгледа многу далечно и до сега некои од вас кои ова го читаат веќе имале симптоми, многумина познавате некого кој се разболел, а секој од нас е загрижен за своите најблиски.

Меѓутоа, она што оваа ситуација ја прави единствена е што сме сите дел од решението: сите ние како граѓани, но и како претпријатија, градови, региони, народи и целиот свет. да, вистина е: овој непознат непријател и кризата од невидени размери и брзина Европа на почетокот ја начекаа донекаде неспремна. Сѐ уште ги чувствуваме последиците на тој задоцнет почеток.

Но Европа е денес цврсто на нозе, обединета во неизмерното сочувство. Во последните неколку недели сведочевме како пензионирани лекари и медицински сестри се јавуваат на должност, а милиони волонтери прават сѐ што е во нивна моќ да помогнат. Рестораните доставуваат оброци на исцрпениот медицински персонал, модните куќи изработуваат болнички маски, а произведувачите на автомобили произведуваат респиратори.

Таа солидарност е заразна – и е темелот на нашата Унија. Благодарение на тој поттик, вистинската Европа се врати во игра: Европа која соработува во остварување на она што никој од нас не би можел да го оствари сам. Сега се остваруваат конкретни резултати и Европа секој ден неуморно работи на спасување што повеќе животи, заштита на изворите на приходите и поттикнувањето на економијата.

Во последните недели преземавме мерки кои до неодамна би биле незамисливи. Правилата за државните поддршки ги направивме пофлексибилни од кога било, за големите и малите претпријатија да можат да ја добијат потребната поддршка. Ги попуштивме буџетските правила за националните средства и средствата на ЕУ да можат брзо да дојдат до оние на кои им се потребни. Тоа на институциите на ЕУ и на државите членки им овозможи да стават на располагање 2,8 илјади милијарди евра за борба против кризата, што е најголемиот таков износ во светот.

Оваа недела Европската Унија оди чекор подалеку. Предложивме нова програма под името СУРЕ за да обезбедиме граѓаните да ги задржат своите работни места и примањата, а претпријатијата да опстанат за време на хибернацијата. Во рамките на таа програма 100 милиони евра ќе им се доделат на владите за да ја надоместат разликата ако претпријатијата морале да го сменат бројот на часови на работниците, а може да имс е помогне и на самовработените. Така ќе се платат киријата, сметките или храната и ќе им се помогне и на други претпријатија да опстанат.

Покрај тоа, за да ја интензивираме борбата за спасување животи, одлучивме да го вложиме целиот преостанат износ во годинешнот буџет. Тој извонреден инструмент ќе ни помогне во набавката на најважната медицинска опрема и засилувањето на тестирањата.

Тоа е доказ дека во оваа криза не се прифатливи половични мерки, дури ни во следните години во кои ќе се трудиме да ја извлечеме економијата од кризата. За тоа ќе ни бидат потребни огромни вложувања во форма на своевиден Маршалов план за Европа. Во центарот на тоа треба да биде новиот буџет на ЕУ. Предностите се очигледни: буџетот на ЕУ е докажан инструмент на солидарност и модернизација. Бидејќи се утврдува на седум години, создава сигурност за инвеститорите и безбедност за сите вклучени страни.

Но, бидејќи светот драстично се смени во изминатите неколку недели, и нашиот буџет мора да се смени. Тоа е клучниот момент во кој економијата ослабена од актуелната криза ќе мора да се придвижи и да обезбеди повторно непречено функционирање на нашиот единствен внатрешен пазар.

Илјадите милијарди и милијарди кои денес ги трошиме за да избегнеме поголема катастрофа се вложување во иднината и ќе вклучат неколку генерации. Од таа причина средствата од нашиот следен буџет мора да се вложуваат на паметен и одржлив начин и така да се помогне да се зачува она што ни е драгоцено и да се обнови чувството на заедништво на европските народи.

Битно е и да вложиме во областите кои претставуваат инвестирање во иднината, на пример во иновативни истражувања, дигиталната инфраструктура, чистата енергија, паметните системи на иднината… Своевидниот Маршалов план би помогнал во изградбата на помодерна, поодржлива и поотпорна Европа. Тоа е Унијата за која верувам дека може да ја надмине оваа како и секоја друга криза во нашата историја.

За тој напор, таа нова Европа, најважно ќе биде нејзините граѓани да сакаат заедничка иднина во која се залагаме едни за други.

Она на што денес сведочам во Европа покажува дека тоа е можно и ме исполнува со гордост. Иднината на Европа се полските лекари кои заминуваат во Италија. Тоа се и Чесите, кои испраќаат 10.000 маски во Шпанија и останатите земји. Авионите кои ги пренесуваат билните од северна Италија во источна Германија или возовите кои ги пренесуваат луѓето преку граница во слободните единици на интензивна нега. Тоа се Бугарите, кои им испраќаат заштитна опрема на Австријците, и Австријците кои испраќаат маски во Италија. Тоа е и првата заедничка европска резерва на медицинска опрема, респиратори и комплети за тестирање кои заеднички ги набавија речиси сите земји, од Романија до Португалија, за да се испратат во Шпанија, Италија и други места. Силата и солидарноста на Унијата ја почувствуваа илјадници Европејци кои пандемијата ги затекна во странство, во Виетнам, Јужна Африка или Аргентина, и кои беа вратени во своите татковини со европски летови.

Со секое од тие дела на солидарност Европа по малку се крева од кризата и не се сомневам дека таа наскоро сосема ќе застане на нозе. Со заеднички сили“.