Фондот за осигурување на депозити ги информира депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување и јавноста дека исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари која започна на 15.09.2020 година преку четирите деловни банки: „Комерцијална банка” АД Скопје, „НЛБ Банка” АД Скопје, „Стопанска банка” АД Скопје и „Халкбанк” АД Скопје ќе биде достапна заклучно со 01.09.2023 година.
По истекот на овој временски период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките – исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување.
Фондот потсетува дека до 01.09.2023 година исплатата на обесштетувањето преку четирите деловни банки се извршува на следниот начин:
Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите А, Б, В, Г и Д се исплаќаат во експозитурите на „Комерцијална банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.
Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ се исплаќаат во експозитурите на „НЛБ Банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.
Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од М, Н, Њ, О, П и Р се исплаќаат во експозитурите на „Стопанска банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.
Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш се исплаќаат во експозитурите на „Халкбанк” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.