Магазинот Forbes состави листа од најбогатите луѓе во светот кои нивното богатство го направиле преку криптовалутите. Иако ниту еден од нив не е познат како Џеф Безос или Бил Гејтс, тие успеаја да профитираат со суми од милијарди долари, скоро преку ноќ.
Во моментов во светот постојат скоро 1.500 крипто-средства, а нивната вредност се проценува на околу 550 милијарди долари, што е сума 17 пати повисока од онаа на почетокот на 2017 година. Иако многумина ги сметаат криптовалутите за „работа на која брзо ќе ѝ помине модата“, сепак овие валути и понатаму продолжуваат да се држат, што е евидентно и по денешниот пораст на цената на биткоинот.
На првото место на листата на најбогати крипто-милијардери се наоѓа Крис Ларсен, кој е претприемач, основач и раководител на криптовалутната платформа Ripple. Неговото богатство се проценува на околу 7,5-8 милијарди долари. Вредноста на Ларсен дојде до скоро 20 милијарди на почетокот на оваа календарска година, но со падот на цената на сите криптовалути, падна и неговата вредност. Сепак, тој е сигурен на врвот на листата, со огромна предност пред сите други.
Веднаш зад него, на второто место, се наоѓа Џозеф Лубин, кој е коосновач на криптовалутната платформа Ethereum, и неговото богатство се проценува на околу 1-5 милијарди долари, а големата разлика од долната до горната граница се должи на флуктуациите на криптовалутите се големи, па не може точно да се одреди колку точно вреди неговата криптовалутна сметка.
Чангпенг Жао се наоѓа на третото место, со вредност од околу 1,1-2 милијарди долари. Тој е извршен директор на платформата Binance, која исто така се занимава со криптовалути.
Топ 10 листата изгледа вака:
- Крис Ларсен – 7,5-8 милијарди долари
- Џозеф Лубин – 1-5 милијарди
- Чангпенг Жао – 1,1-2 милијарди
- Тајлер и Камерон Винклвос – по 900.000-1,1 милијарда секој од нив
- Метју Мелон – 900.000-1 милијарда
- Брајан Армстронг – 900.000-1 милијарда
- Метју Рошак – 900.000-1 милијарда
- Ентони ди Иорио – 750.000-1 милијарда
- Брок Пирс – 700.000-1 милијарда
- Мајкл Новограц – 700.000-1 милијарда