Форум на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Учесниците на форумот ќе дебатираат за регулативата во функција на бизнисите, пристапот до финансии и за светските инвестициски трендови.
Според најавата од ССК, на форумот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на ССК Данела Арсовска, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, и раководителот на ЕПИ ЦЕНТАР интернешнл Љубомир Димовски.
Форумот е дел од Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ што го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернешнл со Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија.