Во рамки на Саемот за пракса и вработување на Машинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска на Машинскиот факултет ќе се одржи форум на тема „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“.
Според агендата, наа форумот ќе учестувуваат генералниот директор на Џонсон Мети, Боријан Борозанов, директорот за приходи во МИКРОСАМ, Веле Самак, потпретседателот на Сојуз на стопански комори и извршен директор на ИКТ комората, Орце Симов, про-ректорот на Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Валентина Гечевска, како и потпретседателката на Македонската асоцијација за сончева енергија „Солар Македонија“, проф. д-р Сања Поповска Василевска.
Модератор на форумот ќе биде проф. д-р Радмил Поленаковиќ од Машинскиот факултет, Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.