Скопје,  23 декември 2019 (МИА) – Во Пехчево денеска ќе се одржи Форумот „Дедовина – Селскиот туризам во функција на заживување на малешевските села: предизвици, пречки и можности“. 
Форумот е во организација на Здружението – Центар за лековити билки и шумски плодови АМБРОЗИЈА од Пехчево, а е подржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните самоуправи на Берово и Пехчево.
Целта на форумот, како што информираат организаторите, е промовирањето на селскиот туризам во функција на заживување на малешевските села: предизвиците, пречките и можностите.