Во организација на Здружението „Конект“ денеска ќе се одржи Форум за социјално претприемништво.
Форумот, според организаторот, има за цел да се зголеми поддршката за социјално претприемништво од страна на компаниите преку градење партнерства (вмрежување) со граѓанскиот сектор и за подигање на свеста кај институциите и бизнис секторот за начините на кои тие можат да ги поддржат социјалните претпријатија.
На Форумот ќе се обратат Ирена Иванова од Делегација на Европска Унија, Елизабета Тодорова од Министерството за економија, Софија Спасовска од Минстерството за труд и социјална политика, а воведно обраќање ќе има извршната директорка на „Конект“ Никица Кусиникова.
Нови иницијативи за социјално претприемништво ќе презентираат граѓански организации пред бизнис заедницата во интерактивниот дел наречен „Конектирај се!“.