Франција и Германија ги здружуваат силите за да инвестираат во европското производство на електрични батерии. Во обид да станат конкурентни против Кина, министрите за економија вчера откриле дека целта на проектот “Батерија Ербас” е да се изградат две производни фабрики – една во Франција и една во Германија – до 2023 година со околу 1.500 вработени. Во проектот ќе бидат инвестирани меѓу 5 и 6 милијарди евра. Европските производители на автомобили сè повеќе се фокусираат на производството на електрични возила, бидејќи се покренуваат се построги ограничувања на емисијата на јаглерод.