Во објавата на Порта3.мк се вели дека францускиот парламент го одобри новиот закон кој наложува сите нови згради во комерцијалните зони да поседуваат „зелени покриви“. Сопствениците на зградите имаат обврска барем делумно да ги покриват покривните површини со зеленило или фотонапонски панели, додека првобитниот предлог на француските активисти за заштита на животната средина бил комплетно покриивање на покривите.
Сепак, иако само делумно, задолжителното покривање на покривите со зеленило и фотонапонски панели, ќе овозможи голем чекор кон одржливи градови и инфраструктура, додека од друга страна нема да донесе големи финансиски оптоварувања за сопствениците на компаниите.
И други вакви примери веќе се во имплементација во различни делови на Европа. Од почетокот на оваа година, жителите на градот Калиш во Полска кои ќе се одлучат да ги озленат своите покриви и фасади ќе бидат ослободени од плаќањето на данок на имот.