Француската економија ќе доживее нов пад во последниот квартал од оваа година поради вториот бран на вирусот Ковид-19, изјави пред викендот, гувернерот на Националната банка на Франција, Франсоа Виеро де Гало.

Говорејќи на конференција за климатските промени, Виероа истакна дека падот на БДП требало да биде помал отколку во првиот и вториот квартал од 2020 година, објави Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел во средата ги заострија рестриктивните мерки поради влошената состојба поради пандемијата.

Франција забележа пад на нејзиниот домашен производ за 13,8 проценти во вториот квартал по воведувањето на строги рестриктивни мерки, додека БДП падна за 5,9 проценти во првиот квартал.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк