Француската “Поштенска банка” ја активираше мобилната онлајн банкарска услуга. Со цел да се разликува од новите понуди кои процветуваат на интернет, “Мојата француска банка” воведе некои сосема нови услуги на пазарот.

Новата мобилна банкарска услуга на францускиот “La Bankque Postale”, која е објавена денеска, сака да се фокусира на корисници на возраст од 18-35 години. Целната група на “Мојата француска банка” се млади “поврзани, во потрага по автономија и секојдневни услуги директно на мобилниот телефон”, според соопштението на порталот 01net.com.

Мојата француска банка“, покрај класичните опции на филијалата на банката, нуди и две иновативни услуги: Штедилница и револвинг кредитна линија која ви овозможува да го користите саканиот износ со еден клик и бесплатно.

Во прилог на овие, оваа апликацијата нуди многу различни опции за мобилни банкарски корисници.

“Француската Поштенска Банка” се надева дека ќе добие околу еден милион корисници на мобилната банка во наредните пет години. “Ако ја постигнеме оваа цел, банката ќе биде профитабилна”, рече Реми Вебер, претседател на одборот на Француската Поштенска Банка во средината на мај, за време на официјалното претставување на услугата. Во оваа прилика, групата откри дека вложила 100 милиони евра во развојот на својата банка.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк