Повеќе од 165 можни жртви на модерно ропство од Бугарија, кои работеа за француски винари, се откриени во акција против организираниот криминал, објави во понеделникот Европол.
Француските власти минатата недела уапсија четворица осомничени – тројца Бугари и едно лице од Франција – по идентификувањето на 167 можни жртви на модерно ропство, вработени од четири вински компании во близина на Лион, соопшти полициската агенција на ЕУ.
Работниците беа регрутирани преку правно лице – агенција за вработување од Бугарија и им било кажано дека ќе заработуваат 60 евра на ден, и дека ќе бидат покриени со трошоците за превоз и сместување, соопшти Европол. Сепак, тие биле сместени во логори, негираале дека добивале пари за храна и кога им истекувале нивните договори, тие не можеле да ја добијат сумата што им била ветена, поради што многумина не биле во можност да се вратат во Бугарија.
Според Агенцијата за труд на ООН, околу 25 милиони луѓе ширум светот се принудени да работат, од фарми и фабрики, преку бродови за риболов.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност на редакцијата на БанкоМетар.мк