Силната национална валута франк ја спаси Швајцарија од хиперинфлација, во споредба со САД и еврозоната, изјави гувернерот на Швајцарската национална банка (СНБ), Томас Џордан. Во последните години инфлацијата во Швајцарија никогаш не била повисока од 3,5 отсто, а тоа главно се должи на поволниот курс на франкот во однос на другите валути, додаде тој. За споредба, во 2022 година стапката на инфлација достигна максимални 9,1 отсто во Соединетите Американски Држави и 10,6 отсто во еврозоната, пренесува Блумберг, објави Танјуг.

„Ако сакате да се заштитите од увезената инфлација, тогаш франкот мора да расте“, рече Џордан. Како резултат на тоа, швајцарската национална банка престана да купува странски валути во 2022 година. Томас Џордан, кој треба да ја напушти функцијата гувернер следниот месец, рече дека силата на франкот ѝ овозможила на СНБ да ги зголеми каматните стапки значително помалку од другите развиени земји.

Швајцарската централна банка ја зголеми својата референтна каматна стапка на 1,75 отсто пред да започне со олеснување во март, додека Европската централна банка (ЕЦБ) и Федералните резерви на САД мораа значително повеќе да ги зголемат трошоците за задолжување.