Минатата сезона шпанските фудбалери на Барселона заработија дури 92 милиони евра бонуси. Барселона ги освои Шпанското првенство и Суперкупот минатата сезона. Во Лигата на шампиони загуби од Ливерпул во полуфиналето, додека во Купот на кралот загуби од Валенсија во финалето.

Фудбалерите на Барселона заработија два милиони евра во бонуси повеќе од една сезона порано, и три милиони евра повеќе од 2015 година кога ги освоија ЛШ, Шпанското првенство и Купот.

Финансискиот извештај открива и дека клубот потрошил 541 милиони евра за трошоците на персоналот во сите негови спортски тимови, со 311,9 милиони евра на тренери и играчи од првиот тим.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк