Фунтата може да падне за повеќе од 2 % од вредноста од 1,24 долари, покажува анализата на Блумберг.
Британската фунта може да пропадне на двегодишно ниско ниво ако евроскептиците јапреземат во Лондон власта по повлекувањето на премиерот Тереза Мај. Ова го покажува студија на Блумберг.
Фунтата може да падне за повеќе од 2 отсто од сегашната цена од 1,24 долари, ако пред Брекситот, на власт дојде поддржувач на концептот Велика Британија да ја напушти Европската унија без договор.
И иако според истражувањето токму тоа да е најсигурното сценарио – со 70% веројатност, тогаш според аналитичарите во анкетата најверојатно пратениците ќе обезбедат бариера во некаква форма која ќе го спречи “хаотичното” излегување од блокот и така да се заштитат од големата девалвација на валутата.
Проблемите на фунтата продолжуваат од 2016 година, кога британските избирачи гласаа на референдум за излегувањето на земјата од блокот. Со повлекувањето на Меј, откако не можеше да го убеди парламентот да го прифати договорот, повторно се покрена прашањето за излегувањето без договор.
“Премиер кој поддржува тврд Brexit, не значи нужно дека тврд Brexit ќе се оствари”, смета Петер Рок, монетарен стратег кон ING Groep NV. Според него изгледа во британскиот парламент нема мнозинство за излез без договор и е можно премиерот – штом еднаш ја преземе функцијата, да омекне во своите погледи.
Кандидатите за наследници на Меј – меѓу кои и поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон (актуелниот фаворит) и поранешниот министер за прашањата на Brexit Доминик Рааб, веќе најавија дека ќе бидат подготвени за спроведување на излез без договор, за да е сигурно дека Велика Британија ќе го напушти блокот навреме на 31 октомври.
Конзервативците овој месец треба да го намалат својот избор на двајца главни кандидати, од кои еден ќе биде избран за лидер на партијата со гласање.
Попозитивно сценарио за фунтата ќе биде ако новиот лидер на Ториевците има помек пристап кон ситуацијата, која сепак се смета за значително помалку веројатна – 30%. Ова ќе ја зголеми британската валута на 1,30 долари.
Фунтата отпиша од својата вредност речиси 3 %, достигнувајќи цена од околу 1,27 долари на почетокот на годината, а претрпе и серија падови во однос на еврото во мај.
“Сега гледаме зголемена шанса Британија да биде принудена да побара од ЕУ одлагање на Брекситот”, рече Марк Хефле, главен инвестициски директор на UBS Wealth Management. Според него, британската валута ќе се тргува во опсег од 1,28-1,35 долари.