Комитетот за монетарна политика на ценралната банка во Британија одлучи да ја задржи рефернтната камата на 0,5%, оваа одлука беше очекувана, со оглед на предвидениот слаб раст и инфлација, пренесе „AP“. По 10 години банката во Англија во ноември ја подигна референтната стапка, бидеќи после изненадувачките резултати од референдумот за излез од ЕУ стапката е намалена со цел да се ублажат привремените трошоци.

Таа денес го намали прогнозираниот раст на Бристанската екомонија, наведувајќи дека намалувањето е последица исклучиво на ладното време и снегот на крајот на зимата. До пред неколку недели, се сметаше дека банката во Англија ќе ја подигне рефернтната камата за четврт поен на 0,75%, но тие се соочија со лоши резултати.

 

 

Официјалните податоци покажаа дека привремениот раст во првите три месеци беше за 0,1%, додека претходно биле предвидени 0,4%. Друга причина за промена на каматите е падот на инфлацијата под очекуваното. Заклучно со март месец претходната година инфлацијата беше 2,5%, што е значително помалку од претходната прогноза на Банката од речиси 3%.

Белешките од состанокот во банката покажуваат дека последиците од инфлацијата предизвикаа ненадејно намалување на фунтата, по референдумот за Брегзит достигнаа максимум, и дека сега зголемувањето на цените ќе падне помалку, отколку што претходно се мислеше.