Британската фунта во понеделникот на меѓународните пазари падна на најниско ниво во последните осум недели во однос на доларот и три години во однос на јенот, поради стравот дека Британците на скорешниот референдум може да изгласаат излез од Европската унија.
Откако во петокот ослабна за 1,4 проценти, што е нејзин најголем дневен губиток оваа година, британската фунта оваа недела ја започна со понатамошен пад од 0,3 проценти и се тргува на 1,4200 долари. Фунтата во однос на јенот падна на 150,20 јени.
Фунтата во однос на еврото се спушти на најниско ниво во месец дена на 79,355 пени.
Доларот во однос на јенот падна за 1 процент на 105,735 јени, најниско ниво во месец дена.
Еврото во однос на јенот падна на 119,03 јени, најниско ниво во три години, а во однос на доларот падна на 1,1247 долари.