Британската фунта собори скоро двегодишен рекорд во однос на доларот само неколку минути откако британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека е постигнат долгоочекуваниот трговски договор по брегзитот со Европската Унија.

Британската фунта скокна за повеќе од 0,8 проценти во однос на доларот и сега вреди 1,3624 долари, што е многу близу до комплетниот рекорд од мај 2018 година.

Фунтата скокна и во однос на еврото и сега вреди 1,1154 евра. Еврото, во меѓувреме, зајакна во однос на доларот и оди за 1,2205 долари.

Сè уште е рано да се видат „последиците“ од трговскиот договор ЕУ-Велика Британија на берзите, кои денес беа затворени порано, поради католичкиот Бадник.