Владата подготвува мерки за намалување на производите согласно нивната побарувачка. Според информациите кој ги дозна ТВ 24 во министерството за економија се подготвува намалување на цена на стотина производи.
Тоа се артикли кои најмогу се купуваат во овие есенски месеци. Премиерот најави дека вакви пакети ќе има и за нова година и за летните месеци од годината.
„Ќе имаме предоновогодишни кошнички есенска кошничка која што ќе има своевиден вид на производи кои што се најупотребувани во тој дел од годината ќеимаме пролетна и така натаму и така натаму во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните во зависност од тоа што најмногу се троши, ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи највисока стапка на инфлација.“ – рече Мицкоски.
Граѓаните посочуваат се е многу скапо, не се огромни цените само на земјоделските производи.
„Да ти кажам пред една недела се вратив од германија производите се поскапи кај нас него таму.“
„Срамота е ова, земјоделска држава што увезувавме пипер, домат сега да плаќаме по 120денари. Стотка пипер, на што личи ова, кај отидовме ние како држава.“
„Не е реално сите земјоделски прозиводи се скапи.“
Синдикалната кошница надминува 1000 евра. А само за храна треба да се потрошат во месецот 22 илјади денари.
Светската организација за храна објави дека во август во однос на јули на берзите има намалување на цените на месото, шеќерот и житото. Додека храната со месеци бележи пад на цената на глобално ниво кај нас веќе со години не замира континуиранотот поскапување на прехранбените производи.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека, законот за нефер трговски практики ќе стартува на крајот од овој месец, кога и практично завршува пролонгираниот рок кој го побараа бизнисмените.
Но, доколку има потреба Мицкоски вледи дека ќе им даде уште некоа недела рок за прилагодување. Законот за нефер трговски практики е донесен од минатата власт се со цел да се стави ред во ланецот на трговија со храна.