Понудата на „Макпетрол“ била превисока, откри Виктор Андонов, советник на премиерот

Виктор Андонов, советникот за енергетика на премиерот Димитар Ковачевски во разговор за емисијата „Студио 10“ на ТВ24 откри дека Македонија ќе купува приорден гас од Србија за топлинска енергија и за производство на електрична енергија. Ако овие информации се конечни тоа значи дека „Макпетрол“ ќе биде заобиколен. „Макпетрол“ го купува природниот гас од „Гаспром“.

За таа цел Владата вчера одобри 18 милиони евра за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.

„Ќе ѝ платиме на Србија, а гасот ќе се носи преку врската во Бугарија. Еден дел е за топланите за топлинска енергија , а еден дел ќе биде за ТЕ-ТО за производство на електрична енергија“, рече Андонов