Цените на мартовските фјучерси на гасот во Европа скокнаа на 1.400 долари за илјада кубни метри, што е за 35 отсто повеќе од вчерашното затворање, според податоците на ICE.

Почетната цена беше речиси 1.170 долари, за неколку моменти цените скокнаа на 1.389,7 долари, што е за 35% повеќе од цената за порамнување од претходниот ден, кога изнесуваше 1.038,6 долари. Гасот за испорака во март беше договорен во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.414,5 долари за илјада кубни метри.

Претходно, Дмитриј Медведев предупреди дека цената на гасот за европските потрошувачи може да чини 2.000 долари.

Во исто време, Ројтерс јавува дека протокот на природен гас преку гасоводот Јамал-Европа кон Полска е преполовен, а засега не се знае дали намалувањето на протокот е поврзано со ситуацијата во Украина, каде што Русија започна специјална воена операција.

Украина е втората голема транзитна рута за извоз на руски гас во Европа, додава британската агенција.