Во периодот од 21 до 28 јуни годинава ќе биде прекината испораката на гас преку Турски тек поради редовно одржување на гасоводот, соопшти денеска Гаспром.

Запирањето на транспортот на гас е навремено договорено со сите заинтересирани страни, објави Гаспром на Телеграм, пренесува Спутник.

Проектниот капацитет на рускиот извозен гасовод Турски тек е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно, а наменет е за испорака на гас во Турција и земјите од јужна и југоисточна Европа.

Според Гаспром, транспортот на гас преку двата крака на гасоводот Турски тек ќе биде привремено прекинат во периодот од 21 до 28 јуни 2022 година поради планираното превентивно одржување.