„Германските граѓани акумулираат огромни суми пари за време на кризата“, пишува германскиот јавен сервис Тагешов. Економистите, како и финансиската сцена, не предвидуваат значителен раст на потрошувачката во скоро време, пренесува Дојче веле.
Многу германски граѓани имаат значително повеќе пари на својата сметка отколку пред една година, а во моментов не се очекува краткорочен пресврт во насока на поголемо трошење.
„Според податоците на Бундесбанк, од јануари 2020 година до јануари 2021 година, депозитите на приватните домаќинства во банките се зголемија за 182 милијарди и сега изнесуваат 1,73 трилиони евра“, објави статистиката на Тагешев во месечниот извештај за март.
„Во својата последна економска прогноза, институтот Ифо со седиште во Минхен го проценува зголемувањето на заштедите во 2020 година на 100 милијарди евра и претпоставува дека оваа сума ќе продолжи да расте и во првиот квартал“, се додава во извештајот.
„Мислам дека ќе имаме слична ситуација до средината на годината како и минатата година“, рече Јирген Грос, претседател на здружението ГВБ.
Покрај тоа, за време на пандемијата, значително помалку луѓе подигнаа готовина од банкоматите.
„Како резултат на кризата со корона, побарувачката за готовина на нашите машини опадна за 75 проценти“, рече Керстен Тројанус, извршен директор на операторот со банкомати „Кеш ГМбХ“.
Околу 1.000 од 5.000 банкомати на овој оператор во Германија се веќе затворени, а 200 до 300 се целосно демонтирани.
Банките, исто така, забележаа значителен пад на побарувачката за готовина, пишува весникот. Во Комерцбанк, на пример, тие велат дека во изминатите дванаесет месеци тие забележале просечен пад на побарувачката за готовина меѓу 10 и 15 проценти.