Според истражувањето на Дојче банк од 2023 година, луѓето на возраст од 16 до 24 години во Германија имале просечно 1.400 евра на тековна сметка, додека луѓето на возраст од 25 до 34 години веќе имале 2.200 евра, пишуваат германските медиуми. Салдото на сметката за лица од 35 до 44 години изнесувало 2.600 евра, а за лица од 45 до 54 години 3.300 евра. Во групата на возраст од 55 до 64 години билансот бил 3.100 евра, а за постарите од 75 години – 4.200 евра, пренесува магазинот Феникс, цитиран од Пословни дневник.
Сепак, ова се само просечни вредности. Утврдените просечни вредности не даваат никакви информации за имотот на поединецот, бидејќи многумина имаат средства на тековната сметка само за итни случаи, а дополнителни заштеди на орочена или на штедна сметка. Други ги вложуваат своите заштеди во акции или други средства, пишуваат германските медиуми.