Храната во рестораните и пабовите во Германија наскоро ќе поскапи, бидејќи од идната година ДДВ-то за храната во угостителството од сегашните седум на 19 отсто ќе се зголеми. Германското здружение на хотели и ресторани предупреди дека тоа може да доведе до сериозни последици.
Како што велат, покачувањето на даноците би било фатално за фирмите, но и за гостите. Рестораните, пабовите и кафулињата, објаснуваат тие, ќе бидат принудени да го пренесат овој дополнителен товар на клиентите и секој оброк ќе го поскапи. Многумина ќе ги загубат своите гости, предупреди здружението, пренесува Политика. рс.
Прогнозираат дека постои ризик од пад на прометот, но се очекува и затворање на 12.000 објекти, поради што државата нема да си ги собере очекуваните приходи од зголеменото ДДВ. Здружението смета дека е неправедно храната за јадење во рестораните да се оданочува со 19 отсто, што е повеќе од данокот за храната што се доставува, како и за намирниците од супермаркетите.