Според, Министерството за финансии се разговара за три сценарија за ваквите настани
Германското Министерство за финансии е подготвено да организира спојување меѓу Deutsche Bank и Commerzbank, соопштува Bloomberg, повикувајќи се на списанието Focus.
Биле разгледани различни сценарија, вклучувајќи такво во кој Германија ќе стане најголем акционер во Deutsche Bank за околу 5 години, пред двете банки да се спојат, објави Focus, без да споменува од каде ги има информациите. Алтернативно, Дојче банк може да привлече пари од германските индустриски компании за да ја купи Комерцбанк. Трета земена опција во Министерството за финансии е создавање на холдинг-компанија, која ќе има удели и во двете банки, се наведува во текстот.
Претставниците на Министерството за финансии, Deutsche Bank и Commerzbank одбиле да коментираат на тврдењата.
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц повеќепати кажал дека земјата има потреба од силни банки за извозно ориентираната економија. Спојување меѓу Deutsche Bank и Commerzbank, за да се постигне оваа цел, би ја добило поддршката на Берлин, велат запознаени извори. Германската влада поседува околу 15% од Commerzbank, што го прави најголем акционер во доверителот.
Купувањето на удели и во Deutsche, и во Commerzbank од приватната инвестициска компанија Cerberus Capital минатата година предизвика шпекулации за спојување меѓу двете банки, што претходно беше разговарано во 2016 година, велат запознаени извори. Последниот пад на цената на акциите на Deutsche Bank и нејзиниот долготраен неуспех да го заживее растот предизвика тврдења дека може да се стави на спојување, за да ги реши своите проблеми.
Германската инвестиција во Commerzbank беше направена за време на финансиската криза, кога на доверителот му беше потребна финансиска помош од државата. Десетгодишнината од почетокот на оваа криза неодамна предизвика дебати во Германија за трошоците за даночните обврзници и користењето на јавните пари во поддршка на приватни банки, што може да предизвика ризик од силен јавен отпор.
Потенцијалната инвестиција од германските индустриски компании беше испитувана во 2016 година, но никогаш не беше остварена.
Топ менаџерите на Deutsche Bank се претпазливи кон секоја трансакција, бидејќи ниската цена на нивните акции значи дека ќе бидат во послаба позиција. Главниот извршен директор Кристијан Зевинг постојано го отфрла активното побарување на договор пред да може да докаже дека ќе ги постигне финансиски цели за следната година.
Најголемиот кредитор на Германија дискутира варијанти да се претвори во холдинг компанија. Сличната правна структура ќе го олесни спојувањето само да делови од банките- пример банкарството на мало – но би имало проблеми во додавањето кон евентуални нови операции во заедничка компанија со друга банка. Главниот финансиски директор Џејмс Молтке сепак ги отфрли овие варијанти како нестратегиски.