Европското првенство (ЕП) 2024 ќе и’ донесе значителни краткорочни економски придобивки на Германија, особено во туризмот, угостителството, транспортот, малопродажниот и услужниот сектор.
Пресметките на аналитичарите на платформата за тргување „Фридом24“ (Freedom24) покажуваат дека заработката ќе изнесува повеќе од две милијарди евра.
– Се очекува најголемата европска економија да порасне за околу 0,3 отсто годинава, побавно од другите големи индустриски нации, но првенството може да обезбеди краткорочен поттик за туризмот и за секторите поврзани со услугите.
Се проценува дека Германија ќе има повеќе од две милијарди евра приход, за што најмногу ќе придонесат туризмот и угостителството, се истакнува во анализата.
Се наведува и дека натпреварување меѓу најдобрите европски репрезентации во фудбал може да има позитивно психолошко и индиректно влијание врз германската економија.
Ваквите настани можат да го подобрат националното расположение и да го подобрат имиџот на земјата домаќин. Успешното Европско првенство и на спортски и на организациски план може да ја зголеми атрактивноста на дестинацијата…