Германската Влада денеска донесе одлука за зголемување на минималниот надомест за еден час работа, кој од почетокот на следната година ќе изнесува 9,19 евра. Министерот за финансии Олаф Шолц бара зголемување на минималецот на 12 евра.
„Мислам дека минималната саатница од 12 евра во целост е соодветна“, напиша Олаф Шолц од Социјалдемократската партија во текст објавен во весникот „Билд“.
Тој ги советува германските работодавачи „да не штедат на плати“. СДП која е заедно со ЦСУ во Владата веќе подолго време бара зголемување на минималецот на 12 евра. Германската Влада автоматски го зголемува минималниот надомест по препораки на Комисијата за минимална саатница во која има претставници на работодавачите и на синдикатите. Од 1 јануари 2020 година минималниот надомест би требало повторно да се зголеми на 9,35 евра за час работа.