Вкупната стокова размена во првите 3 месеци од годинава изнесува 5,354 милијарди долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки е 2,174 милијарди долари и бележи пораст од 8,6 отсто во споредба со истиот период лани, а вредноста на увeзената стока изнесува 3,179 милијарди долари што е за 20,4 отсто повеќе од истиот лански период.
Трговскиот дефицит изнесува една милијарда 4,574 милиони долари.Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1.
Во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во првиот квартал годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена државава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.