Германскиот парламент донесе закон кој ќе им овозможи на банките во Германија да продаваат и чуваат криптовалути како што е биткоинот. Ова е значајна одлука во областа на регулирање на криптовалутите, која веројатно ќе има далекусежно меѓународно влијание.
Новото законодавство влегува во сила на 1 јануари 2020 година. По тој датум, криптовалутите како што е биткоинот ќе можат да се купат или чуваат во германските банки кои одлучуваат да ја прошират својата понуда на услуги.
Поранешните провајдери на продажба и складирање на криптовалути како што е „Битстамп“, кои веќе работат на германскиот пазар денес, ќе треба да аплицираат за лиценца од регулаторот „Бафин“ пред крајот на 2019 година.
Германските финансиски експерти веруваат дека откако ќе се донесе новиот закон, нивната земја треба да стане засолниште за инвеститорите во криптовалути. Новата легислатива исто така силно ја поддржува БДБ, здружението на германските банки.
Одлуката на германскиот парламент претставува пресврт во оваа област за другите земји бидејќи е едно од првите, ако не и првото вакво законодавство во светот.
Можно е и другите европски земји да го следат германскиот пример. Поточно, при изготвување на новиот закон, Германија се потпираше на „дупката“ на четвртата директива на ЕУ за да се спречи употребата на финансискиот систем за перење пари или финансирање на тероризам.
Директивата во моментов им забранува на банките директно да работат со криптовалути, но не и да ги продаваат или чуваат криптовалутите.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк