Заздравувањето на германската економија ќе започне во втората половина на оваа година, поддржано со владините мерки за ублажување на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, објави денеска Министерството за економија.
Германската економија е во рецесија од март и се очекува активноста да опадне доколку продолжи до средината на годината, според Министерството.
Остриот пад на глобалната побарувачка, нарушувањата во синџирот на снабдување, промените во однесувањето на потрошувачите и неизвесноста кај инвеститорите имаат силно влијание врз Германија, соопшти Министерството.
Поради пандемијата на коронавирус, се очекува невиден пад на активностите во една од најиндустријализираните економии во наредните месеци.
Министерството, исто така, забележува значително влошување на водечките индикатори на пазарот на трудот, што укажува дека како резултат на пандемијата, вработеноста ќе опадне, а невработеноста ќе се зголеми.
Според пролетниот извештај на петте водечки германски институти за истражување, бруто-домашниот производ (БДП) ќе се намали за 1,9% во првиот квартал на 2020 година, како и намалување за 9,8% во вториот квартал.