Германското министерство за финансии ја одобрило исплатата до 2,5 милијарди евра за четири плутечки терминали за течен природен гас (LNG), покажува писмото упатено до парламентот, на кое се повикува службената новинска агенција DPA.

Исплатата е одобрена пред консултациите со комисијата за буџет во Бундестагот поради итноста на постапката, сето во исмото кое дошло на увид на агенцијата.

Потпишувањето на договорот за изнајмување на брод-терминал е закажано за 14-ти и 20-ти април, со образложение дека со тоа се сака снабдување на Германија со гас и да се намали зависноста од увозот на гас од Русија.

Во извештајот на германското министерство за економиај, објавено кон крајот на март, се наведува дека владата во Берлин преки енергетските компании RWE и Uniper обезбедила опции за три плутачки терминали за течен гас.

Компаниите во моментов преговараат за изнајмување на терминалите, а владата ги проверува можните локации во Северното и во Балтичкото Море. Терминалите би можело да бидат поставени веќе следната зима, пишува DPA.