Две години по пандемијата со ковид, во германското општество се води дебатата дали да се работи од дома или не.

Многу од германските компании планираат да ги укинат „домашните канцеларии“.

Од компаниите од ИТ секторот 82% од вработените најмалку еднаш неделно работат од дома, додека во производниот сектор овој удел на вработени е 48% покажало истражувањето на Институтот за економски истражувања „Зев“, кое е достапно преку агенцијата „Дпа“.

Бројот на компамиите кои дозволуваат вработените да работаат од дома најмалку еден ден во неделата остана висок и после пандемијата и моментално нема изгледи за промени, изјави Даниеј Ердсиек, кој го водел истражувањето.

Во изминатите месеци германските компании, како што се например софверската компанија „Сап“ или „Дојче банк“ водеа дебати за враќање во канцелариите.

Министерот за труд, Хубертус Хајл го поддржува правото за работење од дома. Коалициониот договор на владеачките партии од 2021 година предвидува вработените, зависно од професијата, да имаат право на „домашна канцеларија“.

Во следните две години компаниите не очекуваат да се намали понудата на работни места со најмалку еден ден во неделата да се работи од дома, изјави Ердсиек.

Се очекува процентот на компании кои ќе се подготвени да понудат можност за работа од дома во 2026 година да изнесува 88% во ИТ секторот и 57% во производниот сектор. Компаниите очекуваат вработените кои ќе ја користат таквата можност да биде поголем.