Германија треба да го отвори пазарот за нови вработувања и за нови места, оти изворот за нови работници од Источна и Јужна Европа веќе е максимално употребен.

Познавање на германскиот јазик и возраста ќе бидат новите услови кои ќе стапат во сила од 1 март 2020 година, за жителите од Балканот кои сакаат да работат во Германија.

Ова правило е предвидено со Законот за емиграција, но уште не е утврдено точно, но тоа што се знае е дека до 2060 година на Германија ќе и бидат потребни 400 илјади работници.

Директорот на одделот за истражување на миграција, во Федералното Биро за вработување во Германија (IAB), Херберт Брукер, истакнал дека Германија треба да го отвори пазарот за нови вработувања и за нови места, оти изворот за нови работници од Источна и Јужна Европа веќе е максимално употребен.

Германски експерт за миграција вели дека до 2040 година, околу 35 проценти од германската популација ќе има туѓо потекло.