Германија го намали долгот благодарение на силната економија и намалувањето на товарот акумулиран од спасувањето на проблематични банки при финансиската криза.
Централната банка „Bundesbank“ денеска соопшти дека државниот долг е намален до 64% од годишниот бруто домашен производ на крајот на 2017-та година во споредба со 68% од БДП-то во 2016-та година.
Нивото се приближува до прагот од 60% од БДП-то утврден според критериумите на еврозоната.
Падот сепак во голема мера се должи не на штедењето на владата, туку од ослободувањето од проблематичните финансиски средства акумулирани во „лошите банки“ во текот на финансиската криза. Тогаш владата ги спаси финансиските институции кои страдаа од големи загуби“.
Германија има и лесен буџетски суфицит и покрај поплаките на синдикатите и економистите дека е време Владата да потроши повеќе за инфраструктура и други инвестиции.
Кампањата на Берлин за фискалната дисциплина се забележува малку, но симболичното достигнување во првата недела од 2018-та: прв пат од над две децении „часовникот на долгот“ на Германија започна да се движи обратно.
Часовникот кој покрај своето име претставува и бројач, беше репрограмирање на 1-ви јануари, за да ги земе предвид новите планови за федералените и регионалните буџети. Тогаш тој затиктака со минус 78 евра во секунда, па така за прв пат покажува дека јавниот долг на земјата се намалува. Во 2009-та година, во почетокот на финансиската криза, тој покажуваше дека долгот на Германија се зголемува со стапка од над 4.400 евра во секунда.
Т.н. „Schuldenuhr“ се одржува од Германската федерација на даночните обврзници и е изложен пред седиштето на групата во Берлин.