Германија нема да влегува во нови долгови во следните четири години , изјави денеска министерот за финансии, социјалдемократот Олаф Шолц.
Tој порача дека ќе ја продолжи строгата фискална политика која ја воведе неговиот конзервативен претходник Волфганг Шојбле.
– Една работа која ни е сигурно потребна за да овозможиме економијата да остане на добар пат е всушност силна фискална политика и затоа наша цел е да нема ново задолжување, истакна Шолц вогерманскиот Парламент.