Индустриското производство се намали за петти последователен месец, покажува вкупниот PMI индекс на земјата
Производството на германскиот приватен сектор во јуни останува непроменето, со што се намалува трендот во индустријата на сметка на континуираниот раст на услугите, објави Блумберг.
Според прелиминарните податоци за вкупниот PMI на IHS Markit, активноста достигна 52,6 поени овој месец, што е нешто подобро од очекувањата на аналитичарите од 52,5 поени.
Индустриското производство се намали петтиот последователен месец, а услужниот сектор продолжи со силна експанзија.
Од друг извештај стана јасно дека францускиот индекс PMI исто покажува подобри од очекуваното резултати во јуни, што се одрази на еврото, чија цена во однос на доларот се зголемува до 1,1305 долари за евро.
Податоците беа претставени само неколку дена откако гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги изјави дека раководството на банката ќе реагира ако економската ситуација се влоши, со што се зголемува веројатноста за намалување на каматните стапки и купување на средства ( државни обврзници, државни акции или фјучерски) . Инфлацијата во меѓувреме останува под целта на ЕЦБ, а стравовите се дека забрзувањето на економскиот застој може дополнително да го засили ценовниот притисок.
Мерачот за новиот бизнис на германските извозници се забрзува малку, иако останува под клучниот праг од 50 поени, кој го дели растот од контракцијата. Исто така очекувањата за растот на производството се најслабите во над 4 години, бидејќи многу компании очекуваат економски застој.
“Иако падот кај индустријата продолжува во јуни, постојат првичните сигнали дека најлошото поминало”, посочува Тревор Балчин, економски директор на IHS Markit. Сепак, според него, проекциите за германскиот приватен сектор на долг рок остануваат слаби.