Германската економија официјално влезе во рецесија, со пад на бруто домашниот производ од 2,2 проценти. Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика, германската економија официјално влезе во рецесија во првиот квартал, со пад на бруто-домашниот производ, што првенствено е последица на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Како што беше најавено, ова е најголем квартален пад на германската економија од светската финансиска криза од 2008/2009 година. Според официјалната статистика, капиталните инвестиции во Германија паднале за 6,9 отсто во првиот квартал, приватната потрошувачка падна за 3,2 отсто, а извозот падна за 3,1 отсто.
Како што беше истакнато, падот на приватната потрошувачка имаше негативен ефект од 1,7 процентни поени врз вкупната економска активност и падот на нето-трговијата за 0,8 процентни поени.